Skip to main content

Posts

Showing posts from November, 2017

Како се гласа во САД?

Овој пост ќе го пишувам на македонски затоа што нема смисла на англиски да им објаснувам на Американците како се гласа во САД нели, оти мене ме читаат многу американци нели :P . Некои од постовите ќе бидат и на македонски за да можеш подобро да разбереш и да можам јас полесно да се изразам. Денес се гласаше во Вирџинија за Гувернер на Вирџинија, за Јавен обвинител (да за тоа гласаат луѓето) за заменик гувернер, и за член на Дом на претставници. Јас како новинар влегов на едно од местата на гласање за да видам што е слично, а што е различно од Македонија. Луѓето премногу љубезни ме внесоа внатре и ми ја објаснија целата постапка на гласање додека другите непречено си гласаа. Претседателот на изборната комисија на тоа избирачко место ми објаснуваше се. Не дознав се што може да се дознае но може да ти биде интересно. За да гласа некој мора претходно да се регистрира , тоа можеби и го знаеш. Ако не се регистрираш нема да можеш да гласаш. Американците тврдат дека ова е за да избегнат еве...