Овој пост ќе го пишувам на македонски затоа што нема смисла на англиски да им објаснувам на Американците како се гласа во САД нели, оти мене ме читаат многу американци нели :P . Некои од постовите ќе бидат и на македонски за да можеш подобро да разбереш и да можам јас полесно да се изразам.
Денес се гласаше во Вирџинија за Гувернер на Вирџинија, за Јавен обвинител (да за тоа гласаат луѓето) за заменик гувернер, и за член на Дом на претставници. Јас како новинар влегов на едно од местата на гласање за да видам што е слично, а што е различно од Македонија. Луѓето премногу љубезни ме внесоа внатре и ми ја објаснија целата постапка на гласање додека другите непречено си гласаа. Претседателот на изборната комисија на тоа избирачко место ми објаснуваше се. Не дознав се што може да се дознае но може да ти биде интересно.
Денес се гласаше во Вирџинија за Гувернер на Вирџинија, за Јавен обвинител (да за тоа гласаат луѓето) за заменик гувернер, и за член на Дом на претставници. Јас како новинар влегов на едно од местата на гласање за да видам што е слично, а што е различно од Македонија. Луѓето премногу љубезни ме внесоа внатре и ми ја објаснија целата постапка на гласање додека другите непречено си гласаа. Претседателот на изборната комисија на тоа избирачко место ми објаснуваше се. Не дознав се што може да се дознае но може да ти биде интересно.
- За да гласа некој мора претходно да се регистрира, тоа можеби и го знаеш. Ако не се регистрираш нема да можеш да гласаш. Американците тврдат дека ова е за да избегнат евентуални манипулации.
- Се гласа со бар кодот кој го има на твојата возачка дозвола и на картицата за регистриран гласач. Бар кодото го скенираш на обичен ајпад на кој има инсталирано софтвер за гласање.

Овде може да се види како изгледа таблетот и софтверот - Ти даваат ливче на кое ги има понудените кандидати и ти треба целосно да го пополниш кругчето за твојот глас да биде регистирран. Она што ми беше многу интересно е тоа што има оставено празно поле за да дополниш некој што ти сакаш. Пишуваш име и презиме и гласаш за тој што ти сакаш. Многу ретко се случило да победи некој кој не е формално кандидирал, НО СЕ ИМА СЛУЧЕНО (http://www.youcanwritein.com/history-write-in-candidates.php) .

Ова е гласачкото ливче. На ШЕСТ јазици. Мех... - Ливчето оди во машина и машината автоматски го брои гласот но во исто време го фотографира ливчето како доказ. Исто така ги чува сите ливчиња кои гласачите ги ставаат во оваа огромна машина. На крајот од денот не ги бројат гласовите само гледаат дали бројката со оние кои гласале содејствува со бројот на гласови и слично. И практично победникот се знае за 1 час по затворањето на местата.
- На самото место на гласање каде што бев јас имаше двајца набљудувачи и другата комисија е целосно независна, составена само од граѓани. Замисли нема прксање, нема колнење дека не си гласал претходно, нема тражење во списоци, нема групно гласање... Набљудувачите беа само од републиканската партија, а од демократите не пратиле свој претставници на тоа место.

Ова е најголемото „уништување“ на противничкиот пропаганден материјал што можеш да го видиш - да нипишат „не“ пред неговиот плакат - Немаат предизборен молк. Единственото нешто што ми се допаѓа од Македонија, предизборен молк, овие го немаат. Може да се тера кампања на ден на избори и се тера. Пред самото избирачко место имаше рекламни материјали и претставници на двете партии кои имаат свој штанд и „ти помагаат“ ако сакаш да гласаш. Имаат ограничување колку метри трба да биде тоа надвор од гласачкото место, но не е забрането. Ѕвонат на телефон на денот на избори да те „потсетат“ да излезеш и да гласаш.
- Граѓаните се цивилизирани и гласањето главно минува многу мирно.

Ни дозволија да сликаме се што сакаме само не смее да се гледа кој за кого гласал на сликата
Comments
Post a Comment