Skip to main content

Posts

Showing posts from June, 2020

„Братучед ми ми кажа, давале 2000 евра да те пишат заболен од Корона“ ?

Во изминативе четири месеци се изнаслушавме многу теории за вирусот, многу „експерти“ придонесоа за ширење на безброј неточни информации. Сигурно сте слушнале некој пријател или роднина како има братучед на чијшто татко му давале 2000 евра за да го евидентираат дека заболел од Корона? Ретко кој тоа ќе го напише јавно, но во затворените групи на Messenger, Viber, Whatsapp… ширењето на информации меѓу членови на семејството или пријателите оди многу полесно. Тоа е нов проблем со кој се соочуваме. Дезинформации меѓу затворени чет групи на интернет кои речиси е невозможно да се контролираат.   Со четири клика, во оние чет групи со семејство или пријатели, информацијата стигнува до педесетина луѓе, а сепак е затворена. Тука се концентрирам на групите за разговор кои сите ние ги имаме со семејството или со пријателите во кои има и по 20-тина блиски луѓе. Психолозите докажале дека имаме тенденција повеќе да веруваме на луѓе кои се блиски до нас, особено доколку се во роднинска врска....

Коронавирус донесе две епидемии

Живееме во време кога достапот до информации е најлесен од било кој момент во човечката историја, а сепак е време на најголем број на дезинформации и демонстрација на незнаење. Сигурно за целото време додека трае ова со Корона вирус сте слушнале многу од ваши пријатели или познаници со муабети „ракија го лечи Корона, ако ракија дезинфицира раце зошто да не дезинфицира од внатре?“, „Ова е измислен вирус во лабораторија, го измислија да ја срушат кинеската економија“, „Вирусот не ни постои, станува збор за обичен грип“, „Американците го имаат лекот и го чуваат да го пуштат во погодно време“ итн. Многу од овие тврдења доаѓаат од луѓе кои немаат никаква врска со биологија, медицина, епидемиологија и слично. Многу често пишувам за дезинформациите и многу често се држам до тезата дека дезинформациите не можат да се запрат, она што може е да не им веруваме или да знаеме критички да селектираме. Можеме да забележиме дека речиси со секој предизвик со кој се соочува човештвото дополните...

„Јавна соба“ јавна тајна

Она што се случи со „Јавна соба“ и споделувањето на фотографии од разголени тинејџери треба да биде повик за освестување за сите нас. Праќањето на разголени фотографии на интернет стана феномен пред кој многумина замижуваат, стана јавна тајна. Овој феномен е присутен повеќе од што мислиме. Во светски рамки, но и во Македонија, тоа стана начин на комуникација, флерт и сексуално задоволство. Во светот веќе се анализира дека еден од тројца тинејџери праќаат и добиваат пораки или фотографии со сексуална содржина. Имајќи предвид дека малолетниците тешко се отвораат на ова прашање бројките веројатно се далеку поголеми. Според статистиките, 90% од тинејџерите во развиениот свет поседуваат паметен телефон , а околу половина од средношколците веќе имале сексуално искуство во животот.   И не секогаш од другата страна се педофили или возрасни луѓе кои ги заведуваат младите. Многу често тие пораки и фотографии се испраќаат меѓу нив самите, не знаејќи какви последици има тоа за нив или к...

За време на изборите не верувајте на социјалните мрежи

Доаѓаат нови избори во Македонија. Манипулацијата и пропагандата на изборите ќе биде присутна можеби и како никогаш до сега. Благодарение на тоа што преку интернет секој има достап до вниманието на гласачите, сега таа манипулација и пропаганда може да биде од секого кон секого. Ова во одредена смисла е во корист новинарството. Затоа што с ѐ повеќе се цени доброто новинарство, а с ѐ помалку се верува на неформалните извори на информации. Со појавата на социјалните мрежи и интернетот мислевме ќе ја откриеме ултимативната вистина и дека ќе ставиме крај на „манипулативните мејнстрим медиуми“, но по се изгледа дека интернетот и социјалните мрежи е многу полесно да станат манипулативни мејнстрим медиуми во вистинска смисла на зборот. За да разберете колку голема манипулација постои на социјалните мрежи мора да знаете што користат партиите на интернет за да го придобијат вашето внимание. Тоа се ботови , тролови и манипулација со алгоритмите преку емоции . Емоции користат од секо...

Хистеријата околу лажните вести може да биде опасна?

Речиси во се што веруваме, се што знаеме, се што имаме во нашите глави доаѓа од друга личност. Независно дали станува збор за точна или неточна информација таа е резултат на информации и знаење од други луѓе во текот на нашиот живот. Ние сме социјални „животни“ и сме исклучително зависни од мислењето и информациите на другите. Единствен начин да се информираме е од други луѓе. Така се формирал човековиот мозок, благодарение на тоа што учиме од другите така се развиваме.  Затоа вие не треба одново и одново да учите за нештата, затоа што некој пред вас го искусил и ви го кажал. Замислете го влезот на информации како еден канал, како една врата во нашиот мозок. Кога таа „врата“ за информации е отворена за развој на човекот, за добри и корисни информации, таа „врата“ е отворена и за лошите вести и за неточните информации. Ако ја затворите оваа врата ја затворате за двете работи, ако ја отворите ја отворате за двете. Земете го нај основниот факт што го имате во вашата глава. Да...

Зошто луѓето веруваат на лажните вести?

Луѓето веруваат на лажните вести затоа што тие се по вистински од вистинските вести. Таа реченица, иако контрадикторна   тотално контра – интуитивна може да објасни зошто луѓето почесто веруваат на неточните информации.  Медиумите во светот, вклучително и оние во Македонија, целосно се одвоија од јавноста и од својата публика. Тие веќе не се артикулатор на јавното мислење, тие се претворија во машинерија на сите власти и елити. Тие се претворија во засилувачи на мислењата и ставовите на политичарите и бизнисмените.  Медиумите станаа она што политичарите и елитите размислуваат, а тоа не е исто со она што размислува најголемиот дел од граѓаните. Ако имате предвид дека националниот сервис во Македонија, Македонската Радио Телевизија, медиумскиот гигант кој го плаќаат сите, нема дописник, нема човек, во Источна Македонија и веројатно многу малку во Западна Македонија,   ќе ви стане јасно зошто овој сервис е далеку од реалноста во државата.  Ако имате предвид...

Лажни вести – што е тоа и кој ги креира?

Прво мораме да расчистиме што е лажни вести и дали ова што ние денес во Македонија го гледаме може да се нарече лажни вести. Апсолутно не. Тоа не е лажни вести според феноменот на лажни вести ( fake news) кој денес го гледаме во светот. Она што кај нас го гледаме е едноставна медиумска манипулација и политичка пропаганда. На овој начин можеме да забележиме како нашите политичари ја користат популарноста на терминот „лажни вести“ за да приграбат за себе одредена моќ и контрола над медиумскиот простор, односно над медиумите во Македонија. Светската јавност исплашена од терминот „лажни вести“ ќе дозволи на политичарите да имаат дел од контролата над медиумскиот простор. Во Македонија има многу малку класични лажни вести ( fake news) кои ги прават тинејџери за профит од реклами. Но нејсе, ајде и да се согласиме партиско/политичката пропаганда да ја викаме „лажни вести“ друго важно прашање кое мораме да го расчистиме е „Кој ги креира лажните вести“. Без одолговлекување да одговорам – то...