Skip to main content

Posts

Showing posts from May, 2021

Не научивме ништо од Груевизмот?

  Лесно е да се зборува сега колку било голема диктатура во времето на Груевски, или колку тој бил виновен и колку ја „зафркнал“ работата.   Велат лесно е да се пука на мртов фашист. Тоа не е поентата на овој текст. Поентата е дали ние научивме нешто од тоа време? Дали ние сфативме дека не треба целиот свој потенцијал и верба да го вложиме во еден човек? Дали ние разбравме дека не постои еден човек кој ќе ја спаси државата. Постои систем кој треба да го изградиме, а не човек кој треба да го пронајдеме. Од времето на Груевизмот видовме дека систем кој е поставен на еден човек се распаѓа веднаш штом тој човек го нема. Тоа го видовме и во времето на Tитоизмот, но и тогаш не научивме. Во исто време и нашите лидери не научија, дека без системот кој го подредуваат на себе, без моќта се никој и ништо, дека без моќта која ја злоупотребуваат можат границите да ги минат само во гепек. Некои лекции не чинеа многу скапо, како онаа на Титоизмот, но и сегашните не се баш ефтини. Сепак о...